Дома Топ вести Сити ја постави цената на Бернардо Силва, на потег е Барса

Сити ја постави цената на Бернардо Силва, на потег е Барса

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва не е задоволен на „Етихад“ и сака на лето да ја промени средината.

Португалскиот фудбалер летово беше блиску до преселба во Барселона, но каталонскиот клуб се откажа од трансферот поради преголемата сума на пари што Сити ја бараше за обештетување.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сега и Манчестер Сити е расположен да го продаде Силва за сума од околу 65 милиони евра, а Барселона не се откажува од Португалецот.

Проблем е финансиската ситуација на Каталонците, кои ќе мора да продаваат фудбалери за околу 200 милиони евра за да можат да прават трансфери.

Наводно за да ја собере таа сума Барселона е спремна на трансфер листа да ги стави Френки де Јонг, Ансу Фати и Рафиња, а прва желба е токму Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…