Манчестер Сити се вклучи во битката за потписот на дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан.
28-годишниот дефанзивец се очекува да го напушти Реал Мадрид ова лето, откако одби да го продолжи договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До сега како фаворит за неговиот потпис се сметаше Манчестер Јунајтед, но „граѓаните“ сакаат да ја добијат битката за градскиот ривал.
Јунајтед наводно веќе има договор со Варан, но проблем е што не е спремен да плати 70 милиони евра колку што бараат „кралевите“.
Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Сити и наскоро ќе испрати официјална понуда за Варан.