Баварскиот гигант Баерн Минхен веќе започна преговори со ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане, пренесува „Скај Спорт“.
Интересот на Баварците за германскиот репрезентативец е познат подолго време, но сега Баерн прв пат стапил во контакт со агентот на Сане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите се започнати со дозвола од „граѓаните“ кои немаат ништо против да го пуштат Германецот, но бараат најмалку 100 милиони евра.
Баерн најпрво не сакаше да ја плати оваа сума, но клубот има потреба од големо засилување на крилните позиции после заминувањето на Робен и Рибери.
Сане неодамна ја одби понудата од Сити за нов договор со годишна плата од 12 милиони евра, па Баерн сигурно треба да понуди повеќе од таа сума.
Германецот не задоволен од својот статус на „Етихад“ и поради тоа е спремен да ја промени средината, а Гвардиола нема да му стои на патот.