Францускиот напаѓач Карим Бензема ја покажа својата класа и против Манчестер Сити во полуфиналето во кое постигна два гола во поразот на Реал од 4:3.
Англичаните беа подобар противник во поголем дел од натпреварот, но Реал знаеше како да ги искористи своите шанси, благодарение најмногу на Бензема. Французинот конечните 4:3 ги постави со гол од пенал со паненка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако промаши два пенали против Осасуна во шпанското првенство, Бензема со голема самодоверба го изведе пеналот и не погреши.
Меѓутоа ако паненката била изненадување за јавноста не била и за соиграчите на Французинот. Бразилецот Родриго откри дека Бензема на последните тренинзи вежбал токму пенали со паненка.
„Бензема вежбаше паненка удари на последните тренинзи. Сите ние кои бевме на клупата знаевме што следува“,, откри Бразилецот.