Натпреварот помеѓу Барселона и Лас Палмас ќе остане запаметен по се, само не по фудбалот. Многу поважни беа случувањата надвор од „Камп Ноу“ каде Барса стигна до победа од 3:0.
Победата на Барса против Лас Палмас падна во втор план, како и рекордот кој го поставија избраниците на Ернесто Валверде. Имено, Барса вчера стана првиот клуб во Шпанија чии голмани стигнаа до 1000-та одбана.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Тој рекорд моментално го постави Тер Штеген, но никако не смееме да ги заборавиме оние пред него кои имаа најголем удел.
Тука пред се се мисли на Виктор Валдес (172) и Андони Зубизарета (124), но и во ерата на Јохан Кројф кога мрежата на Барселона остана мирна дури 118 пати.
Веднаш позади каталонскиот гигант се наоѓа Реал Мадрид со 930 одбрани.