Легендарниот италијански тренер Марчело Липи после поразот на неговата Кина порача дека повеќе нема да биде селектор на оваа репрезентација.
Кина беше поразена од Сирија со резултат 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Овој проаз дојде само еден месец откако Кина ремизираше со Филипини, селекција која е далеку полошо рангирана од Кина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Кина е на пет бодови зад лидерот во групата, Сирија која има 12 бодови. Кинезите имаат ист број како Филипини кои денес славеа против Малдиви.
Липи после натпреварот беше разочаран и на прес конференцијата најави повлекување.
„Победивме послаби тимови како Гуама и Малдиви, но кога дојде време да играме против нешто подобра селекција како Филипини не ни одеше. Сирија денес беше подобра од нас. Моите годишни примања се високи и ја превземам одговорноста за овој пораз и веќе на сите им најавив дека ќе си поднесам оставка. Повеќе нема да бидам селектор на репрезентацијата на Кина“, изјави Липи.