Дома Останати Кошарка НБА Синот на Леброн го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Лејкерс

Синот на Леброн го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Лејкерс

Синот на Леброн Џејмс, Брони во текот на предсезоната се обидува да докаже дека заслужува минутажа во официјалниот дел од сезона во НБА лигата.

Сега во Лас Вегас против Атланта во победата од 87:86 го одигра својот најдобар натпревар откако е во Лејкерс. Брони натпреварот го заврши со 12 поени и еден скок, а имаше и по еден освоена и една изгубена топка за нешто помалку од 24 одиграни минути.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Лејкерс до вчерашниот натпревар имаа пет порази во предсезоната и сега ја прекинаа таа низа.

Од неговиот потпис со Лејкерс, синот на Леброн е под голем притисок, а истиот се зголеми по неговите први послаби настапи во предсезоната. Голем дел од јавноста смета дека тој нема квалитет за НБА лигата и таму е само поради неговиот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Толку од НБА: Српскиот џин по девет години се враќа во Европа?

Според последните информации, Бобан Марјановиќ е на добар пат по девет години да си замине…