Дома Фудбал Лига на шампиони Симеоне не се предава: Се уште ништо не е готово!

Симеоне не се предава: Се уште ништо не е готово!

Реал го победи Атлетико 3:0, со головите на Кристиано Роналдо и зачекори во уште едно финале во Лигата на шампионите.

По мечот различни чувства на двете страни, Зидан задоволен од изданието на својот тим, а Симеоне разочаран со надеж дека сеуште не е се загубено за неговите фудбалери.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Секогаш кога доаѓаат одлучувачките моменти Роналдо е тука. Постигна три гола, тој е единствен фудбалер. Сите заслуги се негови, јас немам ништо со тоа. Кристиано е голем професионалец, секогаш сака да победи“, изјави Зидан.

„Пред нас е уште еден натпревар. Многумина мислат дека сега е невозможно да минеме понатаму, но јас не размислувам на тој начин, можеме да се вратиме. Фудбалот е единствен спорт, може да понуди неверојатни работи и поради тоа се надеваме дека можеме да поминеме. Ќе се обидеме во реваншот, моите играчи знаат дека можат“, изјави по мечот Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…