Дома Фудбал Симеоне кажа ДА – става потпис на нов договор со Атлетико!

Симеоне кажа ДА – става потпис на нов договор со Атлетико!

Шпанскиот весник „АС“ ексклузивно пренесува дека Диего Симеоне наскоро ќе ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид.

Аргентинскиот тренер ја прифатил понудта на раководството на Атлетико за продолжување на соработката и ќе остане на „Ванда Метропилитано“ до 2021 година.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Актуелниот договор на Симеоне истекува во 2020 година, а интерес за неговиот потпис покажуваат неколку европски гиганти.

Поради тоа Атлетико реши да му понуди нов договор, со подобри финансиски услови, а Симеоне се согласил да ја продолжи верноста со „јорганџиите“.

Симеоне седна на кормилото на Атлетико во 2011 година и од тогаш со голем успех ги води „јорганџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Навивач патуваше 1.600 километри и беше единствен гостински фан – фудбалерите му подарија момент за паметење! (Видео)

Љубовта на навивачите кон фудбалските клубови често ги надминува сите граници, а минатиот …