Градските ривали Реал и Атлетико вчера одиграа натпревар без голови и двата голмани (Куртоа и Облак) беа на висина на задачата, но овој бод беше историски момент за стратегот на „јорганџиите“, Диего Симеоне.
Симеоне со својата цврста игра во одрбанта веќе шест натпревари во низа освојува бод или бодови на „Сантиаго Бернабеу“, а такво нешто не му успеало на никој во последните седум децении!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од неофицијалниот „завод за статистика“ објавија дека Атлетико е првиот тим после Валенсија која како гостин на Бернабеу останала непоразена шест натпревари во низа. Колку подвигот на Аргентинецот е голем зборува и тоа што до ваков скор Валенсија стигнала во периодот од 1942 до 1949 година.
Аргентинецот го води Атлетико веќе седум години и очигледно има посебен „рецепт“ за лутиот градски ривал.
6 – @atletienglish are the second team in LaLiga history to go six unbeaten away games in a row against Real Madrid, after Valencia between 1942 and 1948. Cholo. pic.twitter.com/7DP9y7o2Eb
— OptaJose (@OptaJose) September 29, 2018