Диего Коста денес и официјално го напушти Атлетико Мадрид, а Диего Симеоне експресно најде негова замена.
Станува збор за напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој е на излезна врата и не е дел од тимот на Гатузо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона, а фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид.
Милик влезе во последните шест месеци од договорот со Наполи, па италијанскиот клуб бара 10 милиони евра за неговиот потпис, сума која „јорганџиите“ се спремни да ја платат.