Стоперот на ПСЖ, Тијаго Силва скоро сигурно ќе го напушти клубот после завршницата во Лигата на шампионите, а како што пишуваат италијанските медиуми би можел да заврши во Фиренца.
На искусниот стопер договорот со ПСЖ му истекува веднаш по завршувањето на Лигата на шампионите. Бразилецот би можел да се врати во Италија каде што го сакаат два клуба, Милан за кој играше претходно и Фиорентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Калчомеркато“ пишува дека 36 годишниот фудбалер има финансиски подобра понуда од Фиорентина коај му нуди договор на две години со плата од четири милиони евра по сезона.
Според информациите затоа Фиорентина во овој момент е фаворит за неговиот потпис, пред Милан со кој Слва го освои Скудетото.