Објавен е и списокот во новоформираното натпреварување, Лига на Нации кое за нашата селекција ќе биде одлична прилика за конечно да се пласираме на едно големо натпреварување, односно Европското првенство.
Наградниот фонд во ова натпреварување ќе изнесува 76.25 милиони евра, објави денес Европската фудбалска унија (УЕФА).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шампионот во ова натпреварување кое ќе стартува во септември ќе добие 7.5 милиони евра.
Лигата на нации ќе ги замени пријателските натпревари, а ќе се учествуваат 55 репрезентации во четири ранга од ноември. Завршниот турнир на најдобрите ќе се одигра во јуни.
На секоја репрезентација од Лигата А ќе и припадне по еден ипол милион евра за учеството, во Лигата Б репрезентациите ќе добијат по еден милион, во Лигата Ц по 750.000 евра, а во Лигата Д во кој ќе игра и Македонија репрезентациите ќе добијат по 500.000 евра.
Победниците на секоја група ќе добијат по еден ипол милион евра.
Македонија игра во група со Ерменија, Лихштенштајн и Гибралтар.