Дома Фудбал Сетиен: Сонувам како со трофејот од ЛШ се шетам во моето село и им го покажувам на кравите

Сетиен: Сонувам како со трофејот од ЛШ се шетам во моето село и им го покажувам на кравите

Кике Сетиен во јануари оваа година изненадувачки доби прилика да ја води Барселона.

После две ипол години соработка Каталонците се разделија со Ернесто Валверде, а иако се споменуваа многу имиња шанса доби Сетиен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сетиен пред Барселона не беше премногу познато име во фудбалскиот свет, а го краси напаѓачката игра со која во 2018 година како тренер на Бетис ја сруши Барселона (4:3).

На претставувањето Сетиен изјави дека ниту во најлудите сонови не очекувал дека ќе добие повик од Барселона и дека само еден ден претходно се шетал со неговите крави на село, а сега откри дека има големи, но истовремено и чудни амбиции.

„Секогаш им зборувам на играчите дека сум максмално посветен и дека немам време за губење. Со Барселона сакам да ја освојам Лигата на шампионите и шпанското првенство. Веќе сонував како со трофејот од Лигата на шампионите се шетам во моето село и им го покажувам на кравите“, изјави Сетиен за шпанските медиуми.

Според актуелната ситуација на табелата Барселона има два бода повеќе од Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…