Дома Фудбал Сетиен: Воодушевени сме од Дембеле, тој ќе биде нашиот зимски трансфер

Сетиен: Воодушевени сме од Дембеле, тој ќе биде нашиот зимски трансфер

Tренерот на Барселона Кике Сетиен е воодушевен од интезитетот со кој тренира Осман Дембеле.

22 годишниот Французин не ги исполни очекувањата од кого стигна во Барселона летото 2017 година за 125 милиони ебра. Поради бројните повреди Дембеле не може да ја задржи констатноста, а и однесувањето не му беше на нивото на еден професионален фудбалер. Најпознат пример е кога задоцни на тренинг затоа што останал доцна во ноќта играјќи видео игри.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дембеле во овие моменти се опоравува од повредата, а според Сетиен неговото враќање ќе биде како доведување на ново засилување.

„Воодушевени сме од Дембеле. Тој ќе биде како зимски трансфер. Никогаш не можеш да ги предвидиш работите, но треба да се мисли позитивно. Треба да се има на ум дека станува збор за млад играч. Интезитетот со кој тренира е феноменален. Кога ќе го видам како тренира, имам солзи на очите“, изјави Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една голема ера: Ракитиќ се збогуваше од фудбалот!

Еден од најистакнатите хрватски фудбалери во последните две децении, Иван Ракитиќ (37), об…