Реал не ја отвори добро сезоната во Лигата на шампионите, па едноставно нема право на кикс на гостувањето кај Галатасарај.
„Кралевите“ играат бледо од почетокот на сезоната, па најмногу критики за тоа добива тренерот Зидан.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Во последно време се погласни се шпекулациите за отказ на Зидан, но капитенот Рамос застана цврсто во негова одбрана.
„Целата соблекувална е подготвена да умре за Зидан. Мора да покажеме дека веруваме во него и сме обединети како тим. Реал Мадрид секогаш се враќа посилен од порано. Сега во нашите глави е само како да победиме во овој натпревар против Галатасарај. Ние мора да дадеме се од себе и да ги игнорираме критиките и пофалбите“, изјави Рамос.