СЕРХИО РАМОС ја одбил новата понуда за продолжување на кариерата, пренесуваат шпанските медиуми. Бразилецот Ботафого сакаше да го доведе некогаш доминантен стопер, но Рамос реши да ја одбие понудата и да продолжи да ја чека можноста која ќе претставува продолжение на неговата кариера како што посакува.
Рамос во март го прослави својот 38 роденден, а е без клуб по заминувањето од Севиља на крајот од минатата сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Причина за прекин на преговорите со Ботафога наводно била сумата што ја барал играчот, а која клубот ја оценила како превисока. Искусниот стопер најголемиот дел од кариерата го мина во Реал Мадрид, за кој од 2005 до 2021 година одигра 671 натпревар, со одличен учинок за стопер од 101 гол и 40 асистенции. Со тој клуб освои пет титули во шпанското првенство, четири во Лигата на шампионите и вкупно 22 трофеи.
Тој е двократен шампион на Франција со Пари Сен Жермен, за кого настапи на 58 натпревари, а првиот и досега последен меч го одигра за Севиља. Кариерата воСевиља ја започна во 2004 година, а по враќањето минатата сезона забележа 87 настапи. Во својата блескава кариера беше светски првак и два пати европски првак со шпанската репрезентација.