Дома Трансфер зона Сензацијата и синот на легендата ја воодушеви Италија, а сега и Челзи тргнува по неговиот потпис!

Сензацијата и синот на легендата ја воодушеви Италија, а сега и Челзи тргнува по неговиот потпис!

Екипата на Јувентус наредното лето би можела да направи голема работа доведувајќи го младиот Италијанец.

Младиот фудбалер на Фиорентина и син на поранешниот напаѓач Енрике Киезе, Федерико , се наоѓа на мета на Јувентус, но и Челзи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ова момче оваа сезона покажа дека е еден од најголемите таленти во светот, а играјќи за Фиорентина веќе постигна четири погодоци.

Покрај Јувентус и Челзи од поодамна е познато дека интерес за него покажаа Наполи и Интер.

Јувентус минатото лето го доведе Бернардески од Фиорентина за сума од 40 милиони евра, а „Тутоспорт“ пишува дека италијанскиот шампион веќе некое време е заинтересиран за младиот Киезе.

Челзи до сега веќе неколку пати испраќаше скаути да го следат овој напаѓач, па не е невозможно и од нив Фиорентина да добие добра понуда.

Кијезе има договор со Фиорентина до 2022 година, а пред само еден месец го продолжи договорот, а имајќи го предвид неговиот потенцијал би требало да се очекува неговата цена да биде повеќе од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…