Тенисерката од Украина, Дијана Јастремска сензационално се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако утрово беше подобра од Линда Носкова од Чешка со 6:3 и 6:4.
Јастремска со пласманот во полуфиналето испиша историја бидејќи стана само втората квалификантка во историјата на првиот грен-слем оја стигнала да игра полуфинале. Последен пат една тенисерка направи вакво нешто во далечната 1978 година, па јасно е каков подвиг направи Украинката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победата на Јастремска е дополнително изненадување и затоа што Носкова до овој меч играше одлично и ја елиминираше најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек.
Во полуфиналето Украинката ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Кивен Женг од Кина и Русинката Ана Калинскаја. На спротивната страна во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Арина Сабаленка и Коко Гоф.