Илјадници навивачи на Манчестер Сити ги поздравија фудбалерите на овој клуб и тренерот Пеп Гвардиола за време на шампионската парада низ градските улици.
Фудбалерите на Манчестер Сити за викендот во драматична завршница на сезоната ја освоија четвртата титула во Англија во последните пет години, шеста во ерата на Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Избраниците на Пеп Гвардиола успеаја да ја совладаат Астон Вила со 3:2 на преполниот Етихад, иако до 76. минута губеа како домаќини со 2:0. На крајот први минаа на целта со бод повеќе од второпласираниот Ливерпул.
По тој повод, фудбалерите на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола вчера со отворен автобус се прошетаа низ улиците на градот.
Шпанскиот тренер со пура во устата ги поздрави воодушевените навивачи, а на фудбалерите им беше дозволено и да испијат по некое пиво…
Things you love to see! 🤩#ManCity pic.twitter.com/lHVjtVikSM
— Manchester City (@ManCity) May 23, 2022