Францускиот фудбалер Антоан Гризман и понатаму се наоѓа во центарот на шпекулациите бидејќи се уште не е познато дали и наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.
Гризман неколку месеци наназад се поврзува со Барселона, а голем дел од шпанските медиуми тврдеа и дека работата е завршена и дека се чека само официјална потврда. Во Атлетико на сите начини се обидуваат да го убедат Гризман да остане, но изгледа дека тој е спремен за нови предизвици.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако oд Атлетико неодамна објавија дека Гризман за целата ситуација ќе се огласи по завршувањето на Мундијалот, како точна ќе се покаже најавата на напаѓачот од пред неколку недели дека се ќе биде познато пред почетокот на Светското првенство.
После вчерашниот натпревар против Италија, Гризман потврди дека неговата судбина ќе биде решена пред почетокот на Мундијалот.
„Да, се ќе биде решено пред почетокот на Светското првенство“, кратко порача Гризман.
Очекувањата се Барселона да ја активира клазулата во неговиот договор која изнесува 100 милиони евра.