Фудбалерите на Севиља синоќа во пријателски натпревар го совладаа Ливерпул со 2:1.
Многу екипи се на припреми во САД, а меѓу нив се Севиља и Ливерпул кои тука ја искористија шансата да одиграат пријателски натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нормално, ова беше шанса за тренерите да им дадат шанса на сите играчи што на крајот го и направија. Но, повеќе покажа Севиља и на крајот тимот од Андалузија славеше со 2:1.
Севиља поведе во 37. минута кога мрежата на Црвените ја затресе Нолито, но Ливерпул израмни само шест минути подоцна со голот на Ориги.
Во второто полувреме и двата тренери ги заменија скоро целите тимови, а квалитетот на игра беше ист како и во првиот дел. Во самиот финиш беше постигнат уште еден погодок и го добивме победникот.
Тоа се случи во 90. минута кога Мунир одлично му асистираше на Поза, а тој погоди за 2:1 и победа на Севиља, иако овој тим играше со играч помалку откако Њањон во 76. минута доби директен црвен картон.