Дома Фудбал Останато Севиља после продолженија, Мурињо во свој стил до финале🎥

Севиља после продолженија, Мурињо во свој стил до финале🎥

Севиља и Рома се пласираа во финалето и ќе се борат за трофејот во Лига Европа.

Севиља во исклучително возбудлив дуел и после продолженија успеа да го победи Јувентус со резултат 2:1 и да се пласира во финале.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тимот од Андалузија заслужено се пласира во финале, но Јувентус прв дојде до водство со голот на Влаховиќ во второто полувреме. Само седум минути подоцна Сусо со прекрасен гол израмни на 1:1

Домаќините имаа голема иницијатива, создаваа шанси, но не успеаа да дадат гол, па мечот замина во продолженија. Херој за Севиља беше Ламела кој го постигна победничкиот гол.

Рома после победата во Рим успеа да одигра реми против Баер Леверкузен и тактички во стил на Мурињо се избори за финалето во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал спреми 70 милиони за ѕвездата на Лајпциг

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…