Дома Фудбал Англија Се случи нешто неверојатно за Арсенал: Оспина одбрани пенал по речиси четири години (ВИДЕО)

Се случи нешто неверојатно за Арсенал: Оспина одбрани пенал по речиси четири години (ВИДЕО)

Колумбискиот голман, Давид Оспина вечерва во продолжението од мечот против Остерсундс одбрани пенал и така ја сочува мрежата на Арсенал во победата од 0:3.

Оспина успеа да го одбрани шутот на фудбалерот на шведскиот тим и стана прв голман на Арсенал кој одбранил пенал по речиси четири години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последниот голман кој успеа да одбрани пенал е Лукас Фабиански против Баерн во 2014. година и од тогаш Шчесни и Петар Чех, кои бранеа за „Топчиите“ не успеаа да одбранат ниту еден шут од 11 метри.

Чех имаше шанса да брани 15 обиди од пристигнувањето во клуб, но ниту еден не успеа да одбрани, па не треба ниту да чуди одлуката на раководството на Арсенал да донесат голман во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од н…