Дома Фудбал Италија Се сеќавате на Џузепе Роси? – Има нов клуб!

Се сеќавате на Џузепе Роси? – Има нов клуб!

Ќе го гледаме повторно во Серија А.

Еден од најмалерознит фудбалер во светот, Џузепе Роси својата кариера ќе ја продолжи во Џенова.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Пепито“ денес потпиша договор со италијанскиот клуб и овој клуб е негова осма дестинација после Манчестер Јунајтед, Њукасл, Парма, Виљареал, Фиорентина, Леванте и Селта.

Роси е роден во САД, тој е дете на италијански емигранти, а од тинејџерските денови ги бранеше боите на „аѕурите“ во младинските категории. За сениорската селекција на Италија собра 30 настапи и постигна седум погодоци, а поради големите проблеми со повредите единственото големо натпреварување на кое настапи беше Купот на Конфедерациите во 2009 година.

Претставувањето на искусниот фудбалер и конференцијата за медиуми се закажани за утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн гаази, но Компани размислува и на засилувања – има три желби за јануари!

Тимот на Баерн прикажува извонредна форма оваа сезона и во Лигата на шампионите и на домаш…