На социјалните мрежи се појави едно интересно видео на кое Кристиано Роналдо како играч на Манчестер Јунајтед ги покажува своите вештини пред младите фудбалери на „црвените ѓаволи“.
Роналдо на „Олд Трафорд“ помина шест години и со Јунајтед освои се што можеше да се освои, а како член на славниот англиски клуб ја доби и „Златната топка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалскиот ас тогаш беше спортски пример за многу деца од школата на Јунајтед и често им демонстрираше на помладите дел од својот голем фудбалски квалитет.
Така во една прилика во група деца кои го гледаа Роналдо беше и Џеси Лингард. На снимката може да се види како во еден момент денешниот репрезентативец на Англија се фаќа за глава.