Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Рајо би можел да го врати Столе Димитриевски само неколку месеци откако тој се пресели во Валенсија.
Такво нешто би се случило само ако Грузиецот Мамардашвили не замине до крајот на преодниот рок. Димитриевски во Рајо пристигна како замена за грузискиот голман, меѓутоа тој се уште не заминал и постојат реални шанси да остане дел од тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, сега се појавија информации дека Ливерпул може да го доведе. Информациите на медиумите се дека Ливерпул ја разгледува опцијата да го доведе. Намерата на Валенсија е да го продаде Мамардашвили за сума над 30 милиони евра и тоа би требало да биде цена која е прифатлива за гигантот од „Енфилд“.
Наводно и Мамардашвили е заинтересиран за преселба во Ливерпул. Исто така се наведува дека би можел веднаш да биде испратен во позајмица.