На натпреварот помеѓу Јапонија и Данска е видена можеби и најдобрата одбрана на СП во ракомет.
Никлас Ландин веќе неколку години е помеѓу најдобрите светски голмани, а одличниот Данец вчера ги тестираше своите летачки способности.
Голот на Данска беше празен, неговиот колега од другата страна се обиде тоа да го искористи, шутираше прецизно, но тогаш следуваше интервенцијата на Ландин.
🇩🇰 Niklas. Landin. Jacobsen. 🇩🇰
— Handball Egypt2021 (@Egypt2021EN) January 23, 2021
🤯 𝗨 𝗡 𝗕 𝗘 𝗟 𝗜 𝗘 𝗩 𝗔 𝗕 𝗟 𝗘 🤯@Niklas_Landin | @dhf_haandbold #Håndbold | #GODenmark | #Egypt2021 pic.twitter.com/tne8M6owNl
Данците овој натпревар го добија со 34:27 и така го продолжија максималниот скор и походот кон нокаут фазата. Ландин натпреварот го заврши со 12 одбрани.