Дома Фудбал Останато Се оди според планот – Емери откри кога Нејмар ќе се врати на терените

Се оди според планот – Емери откри кога Нејмар ќе се врати на терените

Бразилскиот фудбалер, Нејмар веќе неколку недели се наоѓа надвор од терените поради повреда.

Нејмар доби дозвола од клубот да отпатува во Бразил каде што се опоравува од повредата, а според зборовите на Унаи Емери тој ќе се врати на терените за неколку недели.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според Емери, опоравувањето на Нејмар оди според планот и тој ќе се врати на тренинзите до крајот на овој месец.

„Разговарам често со Нејмар и се оди според планираното. За две или три недели тој ќе се приклучи на тимот, а на почетокот на мај сигурно ќе биде на теренот. Има голема желба да се врати колку што е можно побрзо со цел да биде во најдобра форма за Мундијалот во Русија“, изјави Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…