Дома Фудбал Италија Се огласија навивачите: Икарди не е наш капитен и нема да биде никогаш!

Се огласија навивачите: Икарди не е наш капитен и нема да биде никогаш!

Навивачите на Интер преку соопштение објавија дека повеќе никогаш нема да прифатат аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди да биде капитен на екипата по контроверзните коментари изнесени во неговата автобиографија и заканите.

„Ќе се соочам со нив. Колкумина се? 50, 100, 200? Во ред, слушајте ме внимателно, ќе им донесам 100 криминалци од Аргентина и сите ќе ги убијам“, пишува во делот од биографијата на Икарди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во неделата во текот на првенствениот дуел против Каљари на „Сан Сиро“, кој Интер го загуби со 1-2, навивачите на „црни-сините“ истакнаа неколку навредливи транспаренти на адреса на Икарди, а кога овој го промаши пеналот во првото полувреме при резултат 0-0, тие аплаудираа.

Околу 40 најрадикални навивачи на Интер во неделата се обидоа да се пресметаат со капитенот на тимот Мауро Икарди, по поразот од Каљари. Навивачите прво се обидоа да го пресретнат Икарди додека тој со својот автомобил го напуштал стадионот, а кога тој стигнал пред својот дом таму го чекала уште една заканувачка порака.

Од раководството на Интер објавија дека ќе го казнат својот интернационалец поради коментарите наведени во книгата, но дека нема да му ја одземат капитенската лента, кој последните две години беше најдобар стрелец на клубот.

После тоа се огласија навивачите преку официјално соопштение и објавија дека „Икарди не е нашиот капитен, ниту сега, ниту некогаш повеќе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …