Дома Фудбал Останато Се најавува голема промена во фудбалот

Се најавува голема промена во фудбалот

Teлото задолжено за промена во фудбалската игра, ИФАБ ќе разговара за промена на правилата на фудбалската игра.

Често пати слушаме дека во фудбалот има проблем со губење на активното време за игра, сега британскиот „Тајмс“ наведува дека ќе се разгледуваат три предлози.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првата е зголемување на судиското продолжение, нешто што веќе го гледавме на Светското првенство во Катар.

Вториот предлог е да се подобрат сегашните правила, додека како најреален се истакнува третиот  – запирање на времето кога топката не е во игра.

За ваквиот предлог се огласи и потпретседателот на Арсенал, Дејвид Деин кој го поддржува предлогот.

„Не зборувам дека секогаш треба да се запира времето, но тоа треба да се случува за голови, пенали ,повреди и прегледување на ВАР снимки“, изјави Деин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гатузо пред нов ангажман во тренерската кариера

Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во трен…