Дома Фудбал Англија Се зголемуваат ли шансите на Ливерпул? – Сити после Де Брујн остана без уште еден важен играч!

Се зголемуваат ли шансите на Ливерпул? – Сити после Де Брујн остана без уште еден важен играч!

Манчестер Сити и Ливерпул се во голема борба во последните три кола за шампионската титула во Премиер лигата.

„Граѓаните“ имаат предност затоа што тие самите си одлучуваат и ако победат во последните три кола ќе ја одбранат титулата. Меѓутоа во завршницата Пеп Гвардиола се соочува со сериозни проблеми со повредните фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Манчестер Сити во напната завршница влегува без еден од најдобрите играчи на овој тим Кевин Де Брујн кој доживеа нова повреда. На Белгиецот му настрада задната ложа на левата нога и се претпоставува дека за него оваа сезона е завршен.

Тоа секако беше неповолна вест за Пеп Гвардиола кој сега доби нов удар.

Важниот играч од средината на теренот, Фернандињо е повреден и со сигурност ќе го пропушти утрешниот натпревар против Барнли.

За работата да биде полоша Бразилецот како и својот белгиски соиграч носи лангета и навивачите стравуваат дека натпреварот против Барнли нема да биде единствениот кој ќе го пропушти.

Судејќи според сегашната ситуација Гвардиола до крајот на сезоната не ќе може да смета на двајца важни играчи.

На Сити до крајот на оваа сезона му остануваат натпревари против Барнли и Брајтон на гости и Лестер дома во Премиер лигата, како и финалето од ФА Купот против Вотфорд на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…