Дома Фудбал Останато Се е спремно за доделувањето на „Златната топка“, но Роналдо нема да дојде на церемонијата

Се е спремно за доделувањето на „Златната топка“, но Роналдо нема да дојде на церемонијата

Вечерва на гала цереминија во Париз со почеток од 20:30 часот ќе биде доделена престижната награда на „Франс Фудбал“, „Златната топка“.

Според најавите таа треба да ја добие Лионел Меси, на кого ова ќе му биде 6-та „Златна топка“. Вчера дури се појави фотографија на социјалните мрежи на која беа откриени гласовите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меси има убедливо најголем број гласови пред Ван Дајк и Салах, а Роналдо е дури на четвртата позиција.

Поради тоа медиумите тврдат дека Кристиано Роналдо нема да се појави на церемонијата.

Медиумите од Италија пишуваат дека тој ќе присуствува на друг настан и ќе патува за Милано каде ќе се избираат најдобрите во Серија А за сезоната 2018/19, а Роналдо ќе биде избран за „Играч на сезоната“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид му нуди трампа на Манчестер Јунајтед

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона играше на по…