Дома Фудбал Италија Се е завршено: Американски милијардер станува сопственик на Рома

Се е завршено: Американски милијардер станува сопственик на Рома

Aмериканскиот милијардер Дан Фриедкин ќе стане нов сопственик на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми објавија дека актуелниот сопственик Џејмс Палота веќе ги потпишал документите за продажба на клубот и наскоро се ќе биде официјалзиирано.

Комплетното превземање на римскиот клуб од страна на Фриедкин ќе се реализира до крајот на август. Остануваат да се завршат само детали, а целата зделка вреди околу 600 милиони евра.

Дан Фриедкин (55) така ќе отвори ново поглавје во историјата на Рома и останува да видиме какви ќе бидат плановите и амбициите на овој американски бизнисмен.

Навивачите секако ги интересираат само вложувањата и борбата за трофеи, меѓутоа се ќе биде во рацете на Фриедкин кој поседува богатство кое се проценува на четири милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…