Иван Перишиќ преминува од Интер во Манчестер Јунајтед откако клубот на Мурињо испрати нова подобрена понуда.
Реномираната „ Газета Дело Спорт“ пишува дека радикално подобрената понуда за Перишиќ изнесува 52 милиони евра и дека се чека само недела и враќањето на спортскиот директор Валтер Сабатини од Кина за трансферот да биде официјализиран.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Да потсетиме, минатото лето Јунајтед на Интер му понуди 35 милиони евра, но „нероаѕурите“ оваа понуда ја сватија како навреда и им одговорија дека цената на Перишиќ е 60 милиони евра ниту цент помалку.
Иако разликата од побарувањето на Интер и понудата на Јунајтед беше огромна, желбата на Перишиќ да премине во Јунајтед беше одлучувачка. Наводно, Хрватот го известил клубот дека го интересира само Манчестер и никој друг.
Во англискиот клуб Перишиќ ќе заработува 7 милиони евра годишно.