Сегашниот прв тренер на Селта Виго, Оскар Гарсија како играч голем дел од кариерата помина во Барселона каде што имаше прилика да биде и соиграч со големиот Луис Назарио Де Лима Роналдо.
Многумина кои го гледале ако ги прашате ќе ви кажат дека тоа е најдобриот напаѓач на сите времиња и покрај големите проблеми со повредите кои ги имаше. Гарсија сега за „Марка“ зборуваше за Бразилецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав среќа што можев да го гледам одблиску, видов колку брзо може да се движи, на сите противници им беше тешко да го запрат. Уште на тренинзите видовме дека тој е различен играч кој ќе ни помогне“.
„Сите кои го гледавме знаевме дека ќе биде голема ѕвезда, но најмногу внимание ни привлече со неговата скромност. Се однесуваше исто кон сите, се шегуваше, а многу брзо стекна и самодоверба. Се додека не се појави Меси немав видено играч како него“, објасни Гарсија.