Jaпонија го откажа домаќинството на Светското клупско првенство и тоа претставува грижи кај челниците на ФИФА.
Како нов кандидат се појави Саудиска Арабија, клубовите не се посебно воодушевени од предлогот, а во трката наводно влегла и една афричка земја.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка потврди дека го сака домаќинството на Мундијалот за клубови.
„Точно е заинтересирани сме, не чекаат состаноци со организаторите на ФИФА и се ќе се знае до крајот на неделата“; потврди претседателот на сојузот Дени Џордан.
Јужна Африка самостојно го организираше Светското првенство во 2010 година и тогаш значително ја подобри инфраструктурата.