Играчот на Марсеј и репрезентативецот на Франција, Адил Рами во последните години повеќе познат е по тоа што е момче на Памела Андерсон, отколку по она што го прави на фудбалските терени.
На неговиот клуб не му оди баш најдобро, а во репрезентацијата е резерва. На клупата на го помина цело Светското првенство, на крајот дома си однесе „злато“ иако не помина ниту една минута на теренот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Но затоа 33 годишниот фудбалер собира комплименти од понежниот пол. Сега таа откри дека го по завршувањето на финалниот натпревар против Хрватска разговарал со претседателката на Хрватска, Колинд Грабар-Китаровиќ.
„Претседателката на Хрватска ме погледне и со насмевка ми кажа: Убави бркови. И се заблагодарив и одговорив: Јас го сакам Миконос. Бидејќи не знам зошто, но секогаш ги мешам Хрватска и Грција“, признава Рами.