Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека нема добро чувство кога станува збор за повредите на Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо, играчи од неговиот тим кои се повредија на синоќешниот дуел со Андерлехт во рамки на Лига Европа.
Пласманот во полуфиналето на ова силно европско натпреварување „Црвените ѓаволи“ очигледно го платија прескапо, бидејќи поради повреди загубија двајца битни играчи. Ибра незгодно се приземји после еден скок и го повреди коленото, а се повреди и Рохо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе ги почекам вестите од медицинскиот тим, но чувството не е добро и за двајцата. Сакам и се обидувам да бидам оптимист, но не сум. Не верувам дека станува збор за полесни повреди, но ќе ги почекаме резултатите од тестовите. После нив ќе има што да кажам повеќе од ова, менаџер сум, не лекар“, изјави Мурињо.
Јунајтед следниот натпревар го игра во недела против Барнли. Се очекува враќање на Вејн Руни во тимот, кој дуелот со Андерлехт го гледаше од клупата. Нема играно од 1 април, кога играше на дуелот со Вест Бромвич Албион.