Љубителите на фудбалот сигурно го паметат Луис Саха кој своевремено со многу успех настапуваше во Премиер лигата.
Сигурно дека многумина го паметат по настапите во дресот на Манчестер Јунајтед каде што Саха прикажуваше навистина добри настапи. Во овој клуб играше четири години, а потоа се пресели во Тотенхем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Франуцскиот напаѓач кариерата ја заврши пред седум години во дресот на Лацио и одлучи да ужива во пензија. Но, приватниот живот не му блеска. Саха потврди дека се развел од сопругата и објасни дека живееме во едно тажно време.
„Живееме во еден тажен свет и време. Она што го видов е дека многу жени ги напуштаат своите мажи откако ќе ја завршат кариерата бидејќи повеќе не им се интересни. За жал, јас сум еден од тие фудбалери“, порача Саха.