Дома Фудбал Италија Сари: Се уште веруваме во Скудето!

Сари: Се уште веруваме во Скудето!

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари не беше среќен поради ремито со Интер на „Џузепе Меаца“ бидејќи ја загуби лидерската позиција на табелата.

Во последните два меча Наполи освои само еден бод, па сега Јувентус има шанса да замине на четири бода предност на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не бевме далеку од успех. Имавме неколку добри шанси, особено во второто полувреме. Меѓутоа, ако Јувентус ги добие сите останати натпревари до крајот на сезоната можеме само да им аплаудираме“, истакна Сари.

„Ние не сме најбогатиот тим во Италија, но ќе се бориме до крај. Продолжуваме да веруваме во Скудетото и ќе го дадеме најдоброто од себе до крајот на сезоната“, додаде италијанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…