Поранешниот тренер на Наполи, Маурисио Сари следната недела ќе потпише договор со Челзи, пренесува „Football Italia“.
59-годишниот тренер следните денови ќе го реши проблемот со клубот од Неапол со кој е под договор и во рок од седум дена ќе пристигне во Лондон за да потпише со „Сините“. Сари, како што пишува истиот извор, на „Стемфорд Бриџ“ ќе се обиде да доведе некој од тројцата играчи на Наполи – Елсеид Хусај, Калиду Кулибалиј и Пјотр Зиелински.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На истаа листа на желби на искусниот тренер е и напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, кој неодамна изјави дека не би имал ништо против за да се пресли во Англија. Италијанецот, Антонио Конте има уште една година договор со Челзи, но извесно е дека ќе го напушти клубот од Лондон.