Дома Фудбал Италија Сари објасни зошто Игуаин игра пред Манџукиќ

Сари објасни зошто Игуаин игра пред Манџукиќ

Tренерот на Јувентус Маурицио Сари објасни за италијанските медиуми пред натпреварот против Фиорентина зошто на почетокот сезоната Гонзало Игуаин игра во првиот тим пред Марио Манџукиќ.

Игуаин после една година се врати во Јувентус. Беше на позајмици во Милан и Челзи, но не одигра нешто посебно. Сепак, на изненадување на сите тој остана во Торино. Освен што остана Игуаин во првите две кола во кои постигна и еден гол доби шанса од првата минута. Сари објасни зошто Аргентинецот има предност пред Манџукиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Игуаин не игра затоа што е мој човек од доверба, заслужи да игра со она што го покажува на тренинзите. Морав да избиреам логично. Манџукиќ веројатно нешто помалку покажа на тренинзите па затоа го избрав Гонзало. Мојот избор нема никаква врска со претходниот однос кој го имав со Игуаин. Во Челзи не играше многу, повеќе го користев Жиру. На тренинзите ова лето повторно го видов оној Игуаин од пред две-три години“, изјави италијанскиот стратег.

Ќе потсетиме Игуаин во сезоната 2015/2016 беше прв стрелец во Серија А токму под водство на Сари во Наполи. Искусниот стратег го ангажираше во Челзи каде што Аргентинецот не го покажа својот квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…