Челзи веќе го санкционира голманот Кепа Аризабалага со парична казна, но тренерот Маурицио Сари не ја отфрли можноста да го казни дополнително така што ќе го остави на клупа на мечот со Тотенхем.
Кепа Аризабалага го шокира фудбалскиот свет во неделата откако одби да излезе од игра во второто продолжение на мечот од Лига Купот против Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аризабалага се најде на општ удар на медиумите, јавноста, поранешните играчи поради скандалозното однесување во финалето од Лига Купот, а денес за таквиот негов потег пристигна и казна од клубот.
Меѓутоа, менаџерот на Челзи Маурицио Сари не ја отфрли можноста да го казни дополнително така што ќе го остави на клупа на мечот со Тотенхем.
„Се уште не сум одлучил дали Кепа ќе игра. Можеби да, можеби не. Ако решам дека треба да седи на клупата, тогаш ќе седи на клупата. Тој направи голема грешка. Мојата одлука ќе биде во името на тимот, во името на сите фудбалери“, истакна Сари.
„Прво јас зборував лично со Аризабалага, а потоа го направивме тоа сите во тимот. Тој се извини на тренерскиот тим, но тоа не беше доволно. Потоа Кепа им се извини и на соиграчите. Сепак, тој е младо момче, не треба да го убиваме за грешката која ја направи“, додаде Сари.
1 – Kepa Arrizabalaga has been the only Athletic's keeper substituted last four seasons in all competitions: against Alavés at San Mamés in #LaLiga (January 2017). Decision pic.twitter.com/XlMxu6UzSb
— OptaJose (@OptaJose) February 26, 2019