Дома Фудбал Лига на шампиони Санчез: Интер станува како Барселона

Санчез: Интер станува како Барселона

Откако во саботата постигна гол во Сампдорија, иако доби црвен картон, Алексис Санчез се спрема за враќањето на „Ноу Камп“.

Интер гостува кај Барселона во среда и тоа ќе биде прилика за Санчез да игра на стадионот каде што помина убав период. Како играч на Барселона Санчез постигна 47 голови и запиша 35 асистенциии.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Кога играв таму, сите зборуваа дека тоа е најсилната Барселона до тогаш. Во тој тим играа Меси, Чави, Иниеста и Пујол. Тој клуб ме научи на друг стил, кој се темели на посед на топка. Што повеќе тренирањето со играч од таков калибар е доволно да напредувате“.

„Враќањето во Италија беше голема обнова на мојата љубов кон фудбалот. Конте и некои играчи веќе ги познавав. Мислам дека клубот поставува темели за во иднината. Сакам да освојам нешто во овој дрес. Добар тим сме. Како и секој друг тим сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Кога играв во Барселона и ремито се сметаше за пораз, таков клуб сега станува и Интер. Мораме да тежнееме кон таа цел“, порача поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Алонсо не се плаши од Винисиус и Мбапе, јавно кажа што повеќе не смеат да прават

Фудбалерите на Реал Мадрид ноќта од четврток на петок играат против Ред Бул Салцбург натпр…