Лерој Сане вчера го комплетираше трансферот во Баерн Минхен, а денес испрати емотивна порака до својот поранешен клуб.
Германецот помина четири години на „Етихад“ и реши да се врати во Германија, а Сити од неговата продажба ќе инкасира 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ви благодарам многу за одличното време и целата поддршка во последните 4 години. Ова беше навистина интензивно и успешно време што сигурно нема да го заборавам. Победивме на многу натпревари, постигнавме тон голови, срушивме неколку рекорди и заедно прославивме 7 трофеи.Благодарност до сите навивачи, до стручниот штаб и до моите соиграчи! Секогаш ќе се сеќавам со голема радост и гордост. Исто така голема благодарност и до мојот тренер кој ме направи подобар играч и има голем удел во мојата награда за млад играч на годината во 2018 година. Научив многу и многу сум горд што бев дел од ова патување“, порача Сане.
— Leroy Sané (@LeroySane19) July 3, 2020