Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли е посочен како главен виновник за лошиот настапи на „гаучосите“ на Мундијалот.
Незадоволни од дебаклот на својата репрезентација, навивачите на Аргентина пееја навредливи песни и плукаа по селекторот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сампаоли ја презеде одговорноста за поразот од Хрватска и јавно побара прошка од фановите.
„Ги молам фановите за прошка. Особено оние кои направија голем напор да патуваат до тука за да ја гледаат Аргентина. Јас сум одговорен за овој резултат. Го направив најдоброто што можев но едноставно не одеше како што треба. Чувствовам болка. Но треба да се бориме и во последниот меч да дадеме се од себе, немаме друга алтернатива“, изјави видоно разочаран Сампаоли.
„Имав план кој сепак не функционираше и не сметам дека треба да го обвинувам Кабаљеро. Меси е ограничен, бидејќи нема добра врска меѓу него и останатите. Еден тренер треба да ги решава овие проблеми и морам да ја преземам одговорноста“, додаде селекторот на „гаучосите“.