Дома Фудбал Италија Само еден играч постигнал побрзо 50 голови во Серија А од Роналдо

Само еден играч постигнал побрзо 50 голови во Серија А од Роналдо

Кристиано Роналдо игра во одлична форма оваа сезона и во овој момент е втор стрелец во Серија А со 19 голови.

Пред Роналдо на листата на стрелци се наоѓа само Чиро Имобиле кој постигна шест голови повеќе од Португалецот. Роналдо во Јувентус пристигна летото 2018 година и изгледа дека направи добар избор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо веќе успеа да постигне 50 голови во италијанското првенство иако одигра само 70 натпревари. Побрзо од него до 50 голови во Серија А успеа да стигне само Андреј Шевченко кој до бројката од 50 голови во Милан стигна за 69 натпревари.

На третото место е бразилскиот Роналдо кој после 77 натпревари постигна 50 голови, потоа следи Марко Ван Бастен (83 натпревари), Мишел Платини (84 натпревари), Габриел Батистута (85 натпревари), Давид Трезеге (86 натпревари), Џеко (92 натпревари), Адријано (95 натпревари) и Игуаин (96 натпревари).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…