Додека Левандовски констатно дава изјави во кои ја повторува својата желба да си замине од Баерн зборуваат за негово останување.
Полскиот напаѓач има уште една година од договорот со гигнатот од Минхен, меѓутоа сака да го напушти Баерн и веќе откри дека преговара со Барселона. Сега Хасан Салихамиџиќ изрази надеж дека ситуацијата со Полјакот ќе се смири.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Левандовски има договор со нас до јуни 2023, среќни сме што е тука со нас. Верувам дека работите ќе се смират. Разговаравме за неговите изјави во јавноста, сите треба да бидеме малку помирни“, изјави Салихамиџиќ.
Покрај Барселона во игра за потписот на Левандовски се Манчестер Јунајтед и ПСЖ.