Челниците на Баерн, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан преговараат со ПСЖ за можен трансфер на германскиот фудбалер Тило Керер.
Како што пренесува Л’Екип, Баерн е сериозно заинтересиран за услугите на 24-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе во Минхен до крајот на преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Салихамиџиќ и Кан минатиот петок имаа состанок со менаџерот на германскиот фудбалер. Состанокот беше позитивен, а играчот искажа спремност да дојде во Минхен.
Баерн за услугите на овој фудбалер ќе понуди 12 милиони евра и тоа би требало да биде цифра која ќе ги задоволи Парижаните.
Керер професионалната кариера ја започна во Шалке. Член е на ПСЖ од 2018. година, а беше донесен за 37 милиони евра.